Непрофитна организација создаде шатори кои поднесуваат екстремни временски услови

За милиони бездомници низ светот, пронаоѓањето на засолниште од лошите временски услови може да биде вистински предизвик. Зимскиот студ и летните жештини можат да бидат фатални за луѓе кои не се добро заштитени.

Новите шатори, иновација на BillionBricks, мала непрофитна генерација во Сингапур, се решение за тој проблем.

WinterHyde шаторите чинат по 100 долари, имаат тројслојно водоотпорно платно, и основна структура направена од обични ПВЦ цевки. Идејата е луѓето да ги најдат или купат евтините цевки самите, а платното за шаторот и спојките да им бидат доставени полесно, објаснува Прасун Кумар, основач и извршен директор на BillionBricks.

Организацијата ја тестирала ефикасноста на шаторите во последните шест месеци во Њу Делхи, каде 12 бездомни семејства биле сместени во шаторите преку зимските и летните месеци. На крајот од пилот проектот им дале предлози, како вградено осветлување, кое ќе биде додадено во наредниот дизајн со соларно осветлување.

„Го смислив шаторот како итно засолниште преку зима, но видов пар кој внесе кревет во него. Рекоа дека тоа е првиот дом кој го имаат после многу години“, вели.

ВillionBricks соработува со други непрофитни организации и влади за повеќе бездомнци да го добијат производот.