Настан во Градски парк за подигање на свеста за аутизмот

Активистите од Аутизам MK повикуваат на дружење на „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, денеска во 11 часот, со што ќе се заокружи месец Април – посветен на подигнување на свеста за аутизмот.

„Да покажеме дека лицата со аутизам се само лица со аутизам. Интелигнетни, паметни, талентирани кои се полни со Гуш и Бац. Тоа се лица кои не бараат премногу од нас. Се што бараат е прифаќање, почит, љубов, дружење и инклузија“, посочуваат организаторите.

На истата локација, во организација на Inner Wheel Club Skopje Europea, се организира најголемото движење во светот за поттикнување на чинови за добрина “Pay it forward”.