МЗ: 20 починати и 487 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 15 лица. Починале 9 лица од Скопје (89г, 81г, 79г, 79г, 79г, 76г, 70г, 70г, и 61г), 3 лица од Куманово (74г, 74 г и 60г) и по едно лице од Валандово (83г), Кичево ( 63г) и Прилеп (59г).

„Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 23.09.2021 до 12.10.2021 година. Регистрирани се четири починати лица од Скопје и Велес, на возраст од 33 до 83 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а еден во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 487 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 230 случаи во Скопје, Куманово – 50, Штип – 28, Прилеп – 25, Кочани –20, Велес – 18, Битола – 13, Струмица – 10, Гевгелија – 9, Кавадарци, Охрид и Кратово – по 8, Тетово, Неготино, Свети Николе и Ресен – по 6, Кичево и Крива Паланка – по 5, Струга и Пробиштип – по 4, Радовиш и Виница – по 3, Валандово, Богданци, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 2 и по 1 во Берово и Демир Хисар.

Регистрирани сe 1.487 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 690, Куманово – 130, Тетово – 82, Струмица и Кичево – по 60, Велес – 58, Прилеп – 45, Штип – 39, Охрид – 37, Битола – 36, Гостивар – 32, Делчево – 29, Струга – 25, Свети Николе – 24, Ресен – 19, Радовиш – 18, Кочани и Кавадарци – по 17, Дебар – 14, Крива Паланка – 11, Виница – 9, Гевгелија – 8, Македонски Брод – 5, Неготино, Берово и Демир Хисар – по 4, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Крушево – 2 и по 1 од Богданци и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.156 бројката на оздравени пациенти е 185.459, на починати е 6.998, а бројот на активни случаи изнесува 5.699“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.351.460 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие е направен 3.491 тест.