МЗ: 28 починати и 526 новозаразени на Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 9 лица од Скопје (83г, 83г, 77г, 76г, 74г, 63г, 57г, 51г и 42г), 2 лица од Куманово (63г и 60г) и по едно лице од Велес (75г), Кратово (42г) и Кичево (42г).

Од МЗ информираат и дека согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 14 лица, со датум на смрт во период од 2 до 17 септември.

„Овие починати лица се: 4 од Скопје, 2 од Струмица и по едно починато лице од Берово, Кочани, Гостивар, Радовиш, Куманово, Тетово, Охрид и Гевгелија. Починатите се на возраст од 37-92 години, од кои 7 лица починале во болнички услови, додека останатите 7 лица се починати во домашни услови“, стои во соопштението на МЗ.

Регистрирани се 526 нови случаи, односно од Скопје 245, Куманово – 43, Велес – 22, Прилеп и Охрид – по 19, Штип – 18, Кавадарци – 17, Струмица – 16, Крива Паланка – 15, Битола – 12, Тетово – 11, Гостивар и Кочани – по 10, Кичево и Гевгелија – по 9, Свети Николе – 8, Виница и Валандово – по 6, Струга и Ресен – по 5, Кратово – 4, Радовиш, Берово и Пробиштип – по 3, Делчево и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Неготино, Дебар, Демир Капија и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 830 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 188.635 бројката на оздравени пациенти е 169.946, на починати е 6.539, а бројот на активни случаи изнесува 12.150“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.265.512 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.632 тестови.