МЗ: 23 починати и 467 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 5 лица од Скопје (73г, 72г, 70г, 61г и 57г), по 2 лица од Тетово (88г и 72г) и Кратово (73г и 66г) и по едно лице од Демир Капија (69г), Прилеп (90г), Радовиш (55г) и Штип (74г).

„Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 28.09.2021 година. Починатите лица се од по 2 починати лица од Гостивар ,Струмица и Тетово, и по едно починато лице од Скопје, Струга и Кавадарци, на возраст од 64 до 86 години, од пријавените лица 5 се починати во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови“, стои во соопштението на МЗ.

Од МЗ информираа и дека во последните 24 часа се потврдени 467 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 245 случаи во Скопје, Куманово – 47, Велес – 27, Прилеп – 21, Кавадарци – 17, Кичево – 13, Кочани – 12, Битола – 11, Крива Паланка – 9, Охрид – 8, Тетово и Струмица – по 6, Штип, Радовиш и Валандово – по 5, Кратово и Крушево – по 4, Гостивар, Гевгелија и Демир Хисар – по 3, Неготино, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Струга, Свети Николе, Берово, Богданци и Македонска Каменица.

Регистрирани сe 496 оздравени пациенти, односно од Скопје – 269, Куманово – 51, Струмица – 23, Велес – 21, Прилеп – 20, Битола и Тетово – по 15, Штип – 14, Кавадарци и Кичево – по 11, Радовиш, Гостивар и Свети Николе – по 6, Крива Паланка, Гевгелија и Виница – по 4, Пробиштип и Ресен – по 3, Кочани и Делчево – по 2 и по 1 од Охрид , Валандово, Неготино, Македонски Брод, Македонска Каменица и Дојран.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 190.463 бројката на оздравени пациенти е 171.871, на починати е 6.630, а бројот на активни случаи изнесува 11.962“, се додава во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.282.666 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.512 тестови.