Мултинационални компании обвинети за еколажирање бидејќи не ги исполнуваат климатските ветувања

Многу светски брендови ги преувеличуваа своите напори да ги намалат емисиите на стакленички гасови и не успеваат да ги исполнат своите климатски ветувања, се заклучува во новиот извештај, во кој се повикуваат владите да спроведат построги регулативи за да се спречи еколажирање, јавува Радио Франс Интернешнл.

Две европски еколошки тинк-тенк организации „NewClimate Institute“ и „Carbon Market Watch“, испитуваа 24 мултинационални компании кои ја поддржаа целта на Парискиот договор за ограничување на глобалното затоплување на 1.5 Целзиусови степени и намалување на емисиите на стакленички гасови за 45 проценти до 2030 година. Сепак, малку од нив ги исполнија своите ветувања.

„Огромното мнозинство од овие корпорации едноставно не го испорачуваат тоа што го ветија“, пишуваат авторите на Мониторингот за корпоративна климатска одговорност за 2023 година, во втората годишна проценка.

Компаниите заедно создаваат околу 4% од сите глобални емисии, а се од широк опсег на сектори, од малопродажба, до храна, автомобили, испорака и авијација.