Изворот на реката Темза пресушува поради високите температури и сушата

Поради топлото време и сушата која трае веќе подолго време, изворот на реката Темза во Велика Британија пресушува.

Директорот за политика и наука во „The Rivers Trust“ Роб Колинс рече дека поради големата суша во земјата, изворот на реката се поместил осум километри низводно.

„По долгиот сушен период, изворот на Темза во Глостершир пресушува и моментално само повеќе од осум километри низводно може да се види послаб проток“, рече Колинс.

Тој смета дека во наредните недели температурите на воздухот дополнително ќе се зголемат, а смета и дека поради климатските промени во Велика Британија потребна е подготовка за подолги сушни периоди.

Од најголемата англиска компанија за вода и отпадни води „Thames Water“ на 4 август ги предупредија корисниците во Лондон дека во наредните недели би можело да дојде до забрана на употребата на црева за наводнување.

Се наведува дека побарувачката е најголема во последните 25 години и дека годинава за првпат нивото на подземните води паднало под просекот.

Податоците на Метеоролошкиот завод на Велика Британија покажуваат дека јули годинава бил најсушниот јули од 1935 година, додека за Источна Англија и југоисточниот и јужниот дел на Велика Британија најсушниот месец досега.