[Видео] Неколку стотици еко-активисти уапсени на аеродромот во Амстердам

Неколку стотици активисти за климата вчера беа уапсени на аеродромот Шипхол во Амстердам, откако ги пробија оградите и влегоа во просторот за приватни авиони, пренесува Н1.

Демонстрантите, многумина во бели комбинезони, а некои на велосипеди, излегоа на пистата пред да седнат пред најмалку 14 приватни авиони.

Активистите од „Greenpeace“ и „Extinction Rebellion“ скандираа „Долу летовии“ и „Шипхол – загадувач на животната средина“. Активистите добија аплауз од патниците на аеродромот.

„Денешната акција значи дека аеродромот Шипхол треба да ги намали емисиите на штетни гасови и да ги намали летовите“, изјави неименуваниот портпарол на активистите.

Холандската гранична полиција почнала да ги апси активистите по тричасовна „опсада“.

Акцијата беше спроведена во пресрет на отворањето на Конференцијата на Обединетите нации за климата КОП27 во Египет.