Реката Рајна е на историски минимум поради сушата

Постојаната суша го намалува водостојот на германските реки, така што реката Рајна кај Емерих се спушти на историски најниско ниво од четири центиметри, според Националната управа за водни патишта и бродарство.

Претходниот рекорд од седум центиметри на тоа место, пред германската граница со Холандија е забележан на крајот на октомври 2018 година.

Нивото на водата не е исто како и длабочината на водениот пат покрај реката, која сега е 180 центиметри во Емерих. Рајна е инаку важна артерија на европското речно бродарство.

Воедно, се очекува понатамошно повлекување на водостојот, а реката на мерното место може да пресуши. Неколку километри низводно, во Рес, градскиот траект мораше да запре поради недоволната длабочина на водата.

Во понеделникот наутро, реката Рајна кај Келн беше на 76 центиметри, односно седум центиметри над рекордот, а кај Дизелдорф 34 центиметри или 11 центиметри над рекордно ниското ниво.

„Водата ќе се повлекува се додека не заврне“, рече во неделата портпаролот на Управата за водни текови и поморски работи на Рајнската област.

Невообичаено е нивото на водата да падне толку ниско во овој период. Експерите очекуваат дождот и невремето следната недела да го подигнат нивото на реките.