„Морав да лажам“ – женски приказни ПичПрич во недела во Штип

На темата „Морав да лажам“ шест жени, препознатливи по своите општествено-културни дејности, ќе ги раскажуваат своите приказни на настанот ПичПрич, во недела (10 декември) во Народниот театар во Штип.

Женските приказни ќе ги раскажуваат Јана Јакимовска, Кристина Ампева, Луљета Адеми, Ана Костовска, Кристина Озимец и Сања Арсовска. Настанот почнува во 20 часот, влезот е бесплатен.

Покрај во Штип, ПичПрич на 16 декември, во 20 часот, ќе гостува и во Битола, женските раскажувачки ќе зборуваат на темата: „Кога (си) бев малечка“.

ПичПрич се одржува во рамките на Нов културен бран, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија и Фондација Фридрих Еберт.