Младите велешани во акција за разубавување на градот со едукативни содржини

Млади велешани во петок и сабота ќе спроведат акција за разубавување на градот со креации со едукативна содржина.

Локации кои ќе бидат опфатени со акцијата се: библиотеката, трговскиот центар и младинскиот и големиот парк.

Активноста ќе опфати друштвени игри на под за најмладите, обојување на одредени ѕидни површини и креирање на букви за текст. Таа е резултат на претходно одржаната работилница во градската библиотека „Гоце Делчев“.

Акцијата е резултат на новоформираниот „Клуб на млади креативци во соработка со Младинскиот образовен форум.

„Нашата библиотека “Гоце Делчев” во Велес неодамна спроведе истражување за потребите на локалната заедница. Резултатите прикажаа дека, младите како наша примарна таргет група, имаат потреба за простор каде слободно ќе можат да ја изразат својата креативност. Од овде се роди идејата да излеземе надвор од просториите на нашата библиотека и да делуваме надвор од рамките на класичните услуги погрижувајќи се за остварување на нашата основна цел: едукацијата,културата и подигнувањето на свеста на своите сограѓани“, стои во најавата за настанот.

Проектот е поддржан од СмартАп – Лабораторија за социјални иновации и Американската Амбасада Скопје во рамки на #БиблиоБум програмата. Голема благодарност и до Жито Маркети, за обезбедување на потребните материјали за реализација на првата активност.