„Месец на бунтовност“ во Џебното кино во МКЦ

Дебатен филмски клуб „Лале“ и Гледај.мк организираат бесплатни филмски проекции и дискусии секоја среда во Џебното кино во Младински Културен Центар.

Ваквиот „Месец на бунтовност“ започнува на 6 март (среда) од 20 часот со проекција на „Ова е Англија“ (This is England), филм од 2006 година во режија на Џо Хартли.

„Има нешто заканувачко, многу вознемирувачко и затегнато во оваа емпатична приказна за „лудилото“ на растењето. Прониклива режија и врвен кастинг… музиката на Лудовико Инауди во идеална контратежа со драмското дејствие“, велат од Гледај.мк.

Селекторот на филмската програма на „Месец на бутновност“ е Влатко Галевски, кој вели дека секоја генерација има свои бунтновници.

„Но, не оние суперхерои од марвеловата ергела, не славни имиња од историјата или уметноста, не од науката, туку обични мали, едноставни ликови од нашето соседство чиишто инстикти и внатрешните пориви се етичкиот баланс на вредностите, суштината на разликување добро од зло. Во месец март тие се нашите херои!“, вели Галевски.

Влезот и дискусијата е без котизација.