Меѓународниот атлетски маратон го промени наградниот фонд, иако се уште не е обезбеден

Меѓународен атлетски маратон Охрид 2017 информира дека нивниот организациски Одбор вчера (2 август) одржал состанок и одлучил да го промени наградниот фонд, кој ќе биде ист за мажи и за жени.

По големиот број реакции од јавноста, од Одборот на Меѓународниот атлетски маратон нагласуваат дека никогаш нити помислилe, нити ималe намера да вршат дискриминација со наградниот фонд кон жените, туку, велат тие, едноставно имало континуирано многу слаба заинтересираност и конкуренција кај женскиот пол за оваа трка, па затоа и така размислуваат. Истовремено се извинуваат за нанемарна грешка.

„Ете сите заедно изнајдовме друг начин за да не се случува некој на многу полесен начин дојде до парична награда, а тоа е со воведување на нормата па такa сега ќе биде многу пофер за сите. Кој го прател повеќе овој настан знае дека организациониот Одбор е составен од ентузијасти и заљубеници во атлетиката кој сето ова го работат волонтерски и многу често со сопствени средства помагале за да не згасне оваа долга традиција. Сите години апелираме до локалната и централната власт да ни помогнат но одзивот беше многу мал и бевме на раб да се откажеме но на иницијатива на Преседателот на АФМ (кој секоја година ни помагаат) како и дел од маратонките и маратонците (кој се заангажираа за барање на спонзори) одлучивме да го организираме и годинава“, велат од Одборот.

Наградниот фонд кој го објавија се уште не е обезбеден и во голем дел зависи и од котизацијата, па апелираат до сите да помогнат во изнаоѓање на потенцијални спонзори и да им се обратат.

„Кај жените маратонки апелираме да се пријават во што поголем број (замислете рекордот е само 13 учеснички во 2014-та) ајде да ги срушиме тие стари рекорди. За крај да ви кажеме дека оваа манифестација сите овие години како општествено одговорни личности ја правиме само од љубов према атлетиката и маратонското трчање а не да би профитирале од неа и голем број од тие кој учествувале на оваа трка го знаат тоа и само заради нив не се откажуваме. Им посакуваме успех на сите учесници и повторно да се вратат од нашиот Охрид со прекрасни импресии“, соопштува Меѓународен атлетски маратон.