Маска стара 2.400 години пронајдена во Турција

Земјена маска на старогрчкото божество Дионис која датира од пред 2.400 години е пронајдена во древниот град Даскилејон, во провинцијата Баликесир за време на ископувања на западот на Турција, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Археологот Кан Ирен потенцираше дека станува збор за маска на грчкото божество Дионис, пронајдена на градската акропола, додавајќи дека ова е едно од најинтересните откритија годинава.

„Ова е најверојатно обредна маска. Дополнителни истражувања ќе ни пружат повеќе информации“, додаде Ирен.

Легендата вели дека носењето маска му оддава почит на грчкото божество Дионис, дозволувајќи му на оној кој ја носи да се ослободи од тајните копнежи и закопаните жалења.

Даскилејон се наоѓа на брегот на езерото Манајас, во облaста Бандирма, каде што порано постоеле грчки населби.