Малезија почна да им го враќа ѓубрето на државите што ѝ го праќаат

Малезија ќе врати 450 тони контаминиран пластичен отпад во земјите што го испраќаат. Државата одбива да биде депонија за ѓубрето од цел свет.

Девет контејнери за испорака во Порт Кланг, западно од Куала Лумпур, вчера беа пронајдени со пластика и нерециклирачки отпад, вклучувајќи градежен шут и е-отпад.

Министерот за енергетика, наука, технологија, животна средина и климатски промени, Јо Би Јон, рече САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Кина, Саудиска Арабија, Бангладеш, Холандија и Сингапур да очекуваат враќање на своите отпадни производи.

Пет контејнери со отпад беа вратени во Шпанија минатиот месец.

Неодамна, Малезија формираше заедничка работна група за да се справи со растечкиот проблем со увозот на нелегален пластичен отпад. Властите оттогаш спроведоа 10 слични акции.

Минатата година, Кина го забрани увозот на пластичен отпад како дел од иницијативата за чистење на животната средина. Овој потег предизвика револт меѓу глобалните снабдувачки синџири, бидејќи посредниците бараа нови дестинации за нивното ѓубре, вклучувајќи ја и Малезија.

Неодамнешниот извештај на Гринпис покажа дека во текот на првите седум месеци од 2018 година, пластичниот отпад извезен од

„Ги повикуваме развиените земји да го разгледаат нивното управување со пластичниот отпад и да престанат да го отстрануваат ѓубрето во земјите во развој”, порача малезискиот министер.

Спорот околу увозот на пластичен отпад ги зафати и Филипините, каде Канада неодамна го пропушти рокот од 15 мај за да ги врати назад тоните ѓубре. Тоа предизвика дипломатски препреки со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, кој го повлече својот амбасадор во Отава.

Минатата година владите на 187 земји, вклучувајќи ја и Малезија, се согласија да ја додадат пластиката во Базелската конвенција, договор кој го регулира движењето на опасните материјали од една земја во друга, за борба против опасните ефекти од загадувањето со пластика низ целиот свет.