„Квир библиотека“ денес во „Јавна соба“

Првата „Квир библиотека“ ќе се одржува денес (19 јуни) 17 до 20 часот во „Јавна соба“.

Организаторите велат дека библиотеката ќе даде можност шест лица да заземат позиција на „книги“ подготвени за читање од публиката.

„Ќе имате можност да слушнете кратко претставување од страна на нашите книги по што, вие, како нивни читатели ќе имате можност да им поставувате прашања околу идентитетот, успешни приказни, проблеми и пречки во животот и експресивноста во нашето општество и слично“, се вели во најавата за настанот.

Настанот има за цел да покрене чувства на емпатичност, разбирање и охрабрување за лицата кои сè уште не се еднакви во нашето општество.

„Ова се нашите приказни од квир заедницата и ова е ваш момент да дознаете повеќе за нас“, велат организаторите – Субверзивен Фронт и Civic Engagement Project.

Инаку, оваа активност е дел од Нeделата на граѓански организации поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество – серија од настани кои ја промовираат работата на граѓанските организации пред пошироката јавност, организирани од 18 до 23 јуни низ Република Македонија.