Кривична за поранешниот претседател на Студентскиот парламент во Штип поради злоупотреба на 50.000 евра

29 годишниот Г.С, како претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во 2016 година ја оштетил студентската каса за 50 илјади евра, информира портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова, додавајќи дека поднеле известување до штипското обвинителство поради сомнение за кривично дело „злоупотреба на службената положба“.

„Без почитување на статутот на здружението, без донесување на писмени одлуки на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица од сметките на здружението незаконито им исплатил парични средства од вкупен износ од 3.147.733 денари, овозможувајќи им истите да се стекнат со некаква корист, на штета на здружението“, вели Панајотова.

Панјотова вели дека Г.С. потпишал фиктивни одлуки, на кои навел дека се донесени на одржана седница на претседателството, при што на незаконски начин за 2016 година, без почитување на статутот овозможил противправна имотна корист.

Извор: МИА