Кога твитер заедницата ја решава српско-македонската дипломатска кавга

Повлекувањето на персоналот од српската амбасада во Македонија привлече регионално внимание, во кое медиумите се расфрлаа со термини како „прислушување“, „шпионажа“, „скандали“, „хајки“, „агресија“, „затворање граници“, па се до насловни страници на кои пишуваше „објава на војна“…

Неизбежно, „сериозноста“ на проблемот веднаш го препознаа од македонската и српската Твитер заедница, кои будно следејќи ги информациите споделуваа свои коментари и предлози за разрешување на ситуацијата:

Motah23 побара од пријателите во Србија, доколку го видат, веднаш да го пријават ова жолто комбе, последен пат забележано во Македонија.

Насловните страници на дел од српските весници

Некои корисници се обидоа „дипломатската кавга“ да ја префрлат на музички терен

Со „панични“ реакции возвратија и твитер корисниците од Србија и регионот:

Стеван Пајкиќ вели дека „немилосрдниот напад од Македонците“ е добра прилика за да побараат азил во Холандија.

Македонија изби на третото место на најголемите српски непријатели – зад промајата и роамингот, вели корисникот WhistlerDick.

dobrinacelnik предупредува дека Македонците тргнале со бродови кон Србија.

Корисникот kazi_tibi револтиран на Македонците зошто „еднаш се обидуваш да им ја срушиш она малку демократијата која ја имаат и веднаш те прислушкуваат како да си им непријател“.

TVojtehovski прашува дали на Македонците им останало боја зошто и тие треба да кречат до Нова година…

SrkiPuhalo со оглас дека се издава наместена амбасада во Скопје.

И додека оваа „дипломатска кавга“ Твитер корисниците ја искористија за исмевање со сопствените политичари и општествени проблеми, нема сомнение дека целата ситуација ги поврза корисниците од двете страни на границата, кои помеѓу себе саркастично си реплицираа и ги споделуваа објавите.