Климатските промени во фокус на турнејата на папата во Африка

Папата Франциск во среда почнува еднонеделна турнеја по африканскиот континент, каде ќе ги посети Мозамбик, Мадагаскар и Маврициус – трите земји на кои сериозно им се закануваат климатските промени, а покрај тоа се и тешко погодени од сиромаштија и конфликти, објави Алџазира.

Заштитата на животната средина и опасностите од климатските промени се во фокусот на агендата од папата.

Турнејата ќе започне во Мапуто, главниот град на Мозамбик, поранешна португалска колонија, тешко погодена од циклоните Идаи и Кенет годинава. Најмалку 28% од популацијата на Мозамбик, или околу 30 милиони се католици.

„Владата на Мозамбик потрошила 300.000 евра за припремата на посетата на папата, во која влегува ‘крпењето’ на градските улици и поправките на катедралата во Мапуто“, вели министерот за надворешни работи Хозе Пачеко.

Посетата на папата се случува еден месец откако Владата го потпиша историскиот мировен договор со поранешните бунтовници од Мозамбичкиот национален отпор – РЕНАМО, кои сега се најголема опозициска партија.

Граѓанската војна траеше 16 години и ја уништи земјата, а РЕНАМО сè уште не се целосно разоружени.

Папата во својата видеопорака ја нагласи потребата од „братско помирување во Мозамбик и низ Африка, што е единствена надеж за цврст и траен мир“.