Кисела Вода: На осум чешми поставени табли за набезбедна вода за пиење

Осум табли со предупредување беа поставени на каптираните извори со небезбедна вода за пиење во општина Кисела Вода.

Според општинарите, таблите се поставени согласно испитувањата направени од Институтот за јавно здравје, кој е овластена и акредитирана институција за испитување на здравствената безбедност на водата.

„Oпштина Кисела Вода, ги известува жителите од ова подрачје дека неисправност на водата за пиење е утврдена на следните постоечки каптирани извори-јавни чешми на територија на општината:

Селската чешма во селото Драчево, изворот на Стакларница, во близина на Св. Теодор, на кривината во Бабин Дол, јавната чешма под црквата Св. Ѓорѓија, и кај црквата Св. Елена и Константин, под црквата Св. Ѓорѓија, три чешми, Горномаалската чешма во селото Драчево, како и каптираниот извор кај црквата Св. Руса во Пеленица, село Драчево. Воедно, информираме дека на изворот кај кривината Св. Петка, Црниче, УВ ламбата е заменета со нова, додека на изворот кај Св. Ѓорѓија, е поставена станица за хлорирање, испитана е и пуштена во употреба“, соопштува општината.