Кино на отворено со Скопје Зоо утре на Школка

Утре (5 октомври) од 18:30 часот во организација на Зоолошка градина – Скопје ќе се одржи бесплатна проекција на анимиран филм за деца во Градскиот парк (Школка).

Настанот ќе се одвива според здравствени протоколи, влезот е бесплатен, а пред Школка ќе бидат поставени столчиња од каде што безбедно ќе може да се следи филмот.

„Во соработка со MFC MK, за вас го подготвивме возбудливиот анимиран филм „Тајниот агент Мјау“. Во оваа авантура главна улога има размазената мачка Марни која живее како принцеза, а нејзината сопственичка Розалинда ја размазува како дете. По наредба на злобниот брат на Розалинда, Марни е оставена во непознат свет, каде запознава нови другари и тука започнува нејзиното патешествие да се врати дома. Филмот е базиран на приказна од браќата Грим“, најавуваат организаторите.