Капата на Heisenberg е најновиот експонат во музејот Smithsonian

Серијата Breaking Bad има толку големо значење за американската култура, што повеќе од 10 реквизити и костуми од нејзиното снимање беа изложени во Smithsonian’s National Museum of American History.

На церемонијата за донирањето на експонатите присуствуваа Bryan Cranston, Aaron Paul и авторот на серијалот, Vince Gilligan.

Капата на Heisenberg е веројатно највпечатлив експонат, а церемонијално ја предаде самиот Cranston. Меѓу останатите донации се најдоа и лабораториските одела на Walt и Jesse, пластични ќеси со „син метамфетамин“ и каронски чаши со логото на Los Pollos Hermanos.

Sony Studios претходно продаваа многу реквизити од шоуто на аукција, како златните заби на Tuco, секирата на близнаците од мексиканскиот картел и орнаменти од домот на семејството Schrader.

Извор: Independent