Изложба „Стоби и паунот“ на Симеонов и Верговски во Кавадарци

Двајца колеги сликари Драган Верговски – Алпи и Владимир Симеонов во четврток (5 октомври) во Кавадарци ќе отворат заедничка изложба „Стоби и паунот“.

Симеонов е академски сликар кој од 2009 година работи во Стоби. Осум години го слика и паунот, како едно од обележјата на локалитетот. Таму заедно работи и со Верговски, кој пак постојано црта пејсажи, железничка станица, мост, ридишта, самото Стоби…

„По долги години, додека работевме на Крстилницата со мозаикот со мотив од паунот, решивме дека е време да направиме нешто заедничко. Кавадарци го одбравме бидејќи ни е во близина, регионот е околу Стоби, па беше идеално за изложбата“, вели Симеонов за Радио МОФ.

Отворањето на изложбата во Домот на културата во Кавадарци е најавено за 19:30 часот.