Изложба на Давор Ќешкец во Младинскиот културен центар

Во галеријата на Младинскиот културен центар вечерва од 20 часот ќе биде отворена изложба „She“ („Таа“) на младиот уметник Давор Ќешкец.

Од МКЦ соопштија дека негова мисија е ретрото и рокенролот како животно мото.

„Тоа е израз што нe враќа кон убавите рокенрол времиња на 50-тите години од минатиот век. Минималистичкиот приод кон колоритот е со строга намера да се искаже тројството на црното, белото и црвеното како моторика на секој крајно емотивен ликовен акт“, информираат од МКЦ.