#ИнстаИлустрации – Томи Соколов

Томи Соколов доаѓа од Кавадарци. Средно образование завршил во уметничкото „Лазар Личеноски“ во Скопје во отсек Мултимедиски дизајн.

Тој сега е студент во Љубљана на смер илустрација, a воглавно се занимава со дигитални илустрации на кои им пристапува во „традиционален” сликарски стил.

„Како тематики често земам моменти од underground поп култури како и спомени од детството со доза на црн хумор. Како цел имам да ги вратам смислата за хумор и апсурдот во светот на уметноста на еден така „претенциозен” естетско задоволувачки начин. На кратко би си го опишал стилот како „нема смисла иако има”, вели тој за Радио МОФ.

Соколов е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:

*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk