„Ин Виница веритас“ – фестивал на хумор и сатира

Со изложба на карикатури од светски познатиот карикатурист Ивајло Цветков синоќа во Виница започна деветтото издание на меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“ кој ќе трае до 6 октомври.

Наместо со Конкурс за карикатури деветтото издание на „Ин Виница Веритас“ стартуваше со изложба на карикатури од светски познатиот карикатурист Ивајло Цветков зад чиј квалитет стојат 70 интернационални награди.

Карикатуристот Ивајло Цветков заблагодарувајќи им се на присутните истакна дека карикатуристите се луѓе кои зборуваат без зборови, со цртеж и секогаш сакаат да насмеат, а не да расплачат.

На сцената на Домот на културата, синоќа настапија и членовите на народниот театар од Врање со претставата “Аматери“ , а денес на програмата е одржување на работилници за карикатура и настап на театарот за најмладите со Кристијан Маџик. Вечерва на програмата е претставата на театарот Крик од Скопје.

МИА