Илјадници хакери на годишна конвенција во Лајпциг

Огромен број хакери денеска ќе присуствуваат на годишен конгрес во источниот германски град Лајпциг.

Конгресот ќе трае четири дена, а организатори се „;Компјутерскиот клуб на хаосот“.

На конгресот, под мотото „Да направиме нешто“ ќе се разговара за безбедноста на интернет, хакерските напади, заштитата на податоците како и за социјални и политички проблеми.

Се очекува на настанот да учествуваат околу 15.000 луѓе. Досега хакерите се собираа на годишни конгреси во Хамбург.