Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром

По повод Светскиот ден на лица со Даунов синдром, утре 11 часот во Градски парк во Скопје, кај Школка ,ќе се оржи третата хуманитарна трка за деца со Даунов синдром.

Сите средства собрани од котизацијата, ќе се искористат за доопремување на дневниот центар за лица со Даунов синдром.

„Ве очекуваме на школка.Вие бидете хумани, а ние ви ветуваме настан исполнет со многу љубов и среќа. Ви благодариме однапред“, велат од Мечувалечкиот клуб Escrim, кои се организатори на настанот.

Рокот за пријавување завршува денес, а котизацијата чини 200 денари. Повеќе информации на следниот ЛИНК.