Хуманитарен настан на Школка за децата од посебното основно училиште „Иднина“

Младинската организација Girl Up Скопје организира хуманитарен настан со музика и базар на ракотворби на Школка, во Градски парк. Ќе започне во сабота, 9 ноември, од 11 до 16 часот.

Целта е да се соберат средства кои потоа ќе бидат донирани на посебното основно училиште „Иднина“.

„Дојдете да се дружиме, играме и пееме заедно бидејќи нивната иднина е и наша“, стои во најавата за настанот.

Покрај ова, настанот ќе биде и запознавање со идејата на организацијата и нејзините членови. Станува збор за глобална организација која се грижи за еднакви права и едукација на сите девојчиња“.