Граѓанска иницијатива за колективно садење дрвја на 26 и 27 октомври

По пример на иницијатива во Хрватска, граѓанската иницијатива „Денови на колективно садење дрва во Македонија“ ги повикува граѓаните да се придружат на регионалната иницијатива за колективно садење дрвја на 26 и 27 октомври.

Од граѓанската иницијатива потенцираат дека желба им е да се поттикнат што повеќе луѓе да направат мал чекор, како би било поубаво за сите.

„Секој сам купува садници доброволно и ги сади на 26 и 27 октомври. Во наредниот период, доколку акцијата се прифати и од институциите, можеби ќе има можност да се сади и на јавните површини во градовите“ велат од иницијативата.

Оттаму напоменуваат дека акцијата има услови да се изведе само на приватни поседи, објаснувајќи дека за садење на јавни површини и паркови се потребни посебни дозволи.

Упатставата за спроведување на акцијата можат да се пронајдат на овој ЛИНК, а од иницијативата ги повикуваат заинтересираните граѓани да се приклучат и на Фејсбук групата.