Град Скопје ќе распише нов повик за приватни превозници во јавниот превоз во Скопје

Од Град Скопје денес информираат дека ќе се распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град

„Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат ‘Слобода Превоз’ и ‘Макекспрес’ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина“, се вели во известувањето.

Оттаму нагласуваат дека Градот Скопје нема никаков долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот.

„Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз“, информираат од Град Скопје.