Град Скопје и ЈСП склучија договор за организиран превоз на лица со инвалидитет

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје склучија договор за реализирање организиран превоз на лица со потешка телесна инвалидност на кои заради движење им е потребна инвалидска количка и на лица со тешки моторни пречки, со посебно адаптирани возила.

„Превозот на корисниците се реализира со посебно адаптирани возила со автоматски управувана рампа за инвалидска количка, рачки за држење, каиши и шипки за закочување на инвалидските колички. Возилата што се сопственост на Град Скопје, се дадени на користење на ЈСП“, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека превозот на дестинации ќе се одвива на подрачјето на Град Скопје, е во согласност со Програмата за активностите во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на градот за 2022 година.