Гимназијалци од Велес утре премиерно ќе ја изведат претставата „Ревизор“

Средношлолци од велешката гимназија „Кочо Рацин“ утре во 18 часот ќе одржат премиера на претставата „Ревизор“, по текст од рускиот писател Николај Васиљевиќ Гогољ.

„Режисер на претставата е Петар Андреев од четврта година, иден студент на ФДУ и глумец, а играме ние децата од гимназија“, велат средношколците.

Тие за Радио МОФ велат дека имаат и мала помош од професорите по македонски јазик и професорот по ликoвна уметност.

„Се трудиме веќе два и пол месеци да направиме претстава како да сме вистински глумци“, соопштуваат гимназијалците.

Претставата ќе биде одиграна утре (20 декември) во салата „Бели Мугри“ во градската библиотека во Велес.