[Галерија] Татко ги фотографира уникатните навики на својот син со аутизам

Фотографот Тимоти Арчибалд почнал да ги документира навиките и карактеристиките на својот аутистичен син, како начин да се справи со дијагнозата на петгодишниот Илајџа.

Но, она што требало да биде обичен фото-проект станало многу повеќе.

Не само што Тимоти научил многу повеќе за уникатниот свет на син му, туку и се зближил многу со него. воедно, како професионален фотограф, научил да се не се труди да ги контролира ситуациите, дозволувајќи му на Илајџа да води.

Секоја фотографија го прикажува начинот на кој момчето комуницира со светот околу него.

„Никогаш не сакав Илај да мисли дека е нормален. Сакав да биде свесен колку е поразличен, и да го гледа тоа како придобивка“, вели Арчибалд.

Фотографскиот проект е објавен во книга, именувана Echolilia, а може да се набави на веб страницата на Арчибалд.