[Галерија] Фотограф ја доловува љубовта на јавни места

Фотографиите се дел од тековен проект насловен „Љубов на улица“ на францускиот фотограф Mikaël Theimer. Тој фотографира луѓе од целиот свет кои споделуваат интимни моменти.

Најчесто прегрнати или додека се бакнуваат, Theimer успева да ги долови паровите кои во даден момент ја споделуваат својата љубов.

„Јас само сакам да ги гледам луѓето заљубени, сметам дека тоа е убаво, чисто. За момент, ништо околу нив не е важно… Ми се допаѓа да се фокусирам на доброто кај човечката раса, бидејќи колку повеќе го гледаш тоа, толку повеќе сакаш да си дел од него“, вели фотографот.