[Галерија] Девет нови локации впишани како Светско наследство на УНЕСКО

Девет нови локации од Азија и Европа се впишани на листата на Светско наследство на УНЕСКО на 44-тата сесија на Комитетот при организацијата на Обединетите Нации, која се одржува во Фуџоу, Кина.

Комитетот ќе заседава до 28 јули, а на дневниот ред се одлуки за уште 31 локација кои се предложени да го добијат статусот на Светско наследство. Меѓу нив се наоѓа и локацијата Длабока Река во Северна Македонија, која треба да биде приклучена на веќе впишаното транснационално подрачје Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа. За проширувањето на ова подрачје предвидено е да се донесе одлука од Комитетот во среда.

Во продолжение погледнете кои се новите локации кои се впишани како Светско наследство на УНЕСКО:

Градовите на големи бањи во Европа (Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска)

Фото: Ladislav Renner
/ CzechTourism

Хима (Саудиска Арабија)

Фото: Dr Majeed Khan / SCTH

Светилникот Кордуан (Франција)

Фото: Manuel Cohen / SMIDDEST

Уметничката галерија во Матилденхох, Дармштад (Германија)

Фото: Nikolaus Heiss

Серијал фрески од 14-тиот век во Падова (Италија)

Фото: Comune di Padova Settore Cultura

Чјанџо – Трговскиот центар на светот во Сонг – Јуан (Кина)

Фото: Wu Zhicheng
/ Quanzhou Maritime Silk Road World

Храмот Рамапа во Рудрешвара (Индија)

Фото: ASI

Транс-иранска железница (Иран)

Фото: Hossein Javadi

Пасео дел Прадо и Паркот Ретиро (Шпанија)

Фото: Ayuntamiento de Madrid