[Фото] Започна реновирањето на читалната на Правен факултет

Студентска организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на УКИМ информира дека на нивниот факултет е започнато реновирањето на читалната.

„По завршувањето на пандемијата, студентите на нашиот факултет конечно ќе добијат услови какви што заслужуваат“, соопштува Студентската организација.

Од таму велат дека реновирањето беше едно од клучните барања во програмата на организацијата.

„Студентскиот активизам секогаш вложува со плод“, потенцираат студентите, дополнувајќи дека и декантатот се вложил во оваа идеја, ги обезбедил потребните средства и се реализира реновирањето.

„Средствата се обезбедени од страна на пријателите и поддржувачите на Правен факултет кои учествуваа на донаторската вечер по тој повод, како и од Министерството за образование и наука. Голема благодарност до сите општествено одговорни субјекти кои решија да го помогнат овој проект“, се вели во соопштението на Студентската организација.