Под мотот „В џеб, ако нема каде друго“, активистите на Движењето ЛЕАД, со поддршка на учесници и волонтери, вчера излегоа на терен за чистење на Етно Село од отпадоци.
Целта на ваквите акции е да се крене јавната свест за зачувување на животната средина. Активистите затоа и носеа облека со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго“. Акцијатата истовремено овозможува млади од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.
Кон крајот на септември слична акција беше организирана и во Сарај, која беше документирана и со видео.
Проектот е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас.