[Фото] Пожарна Скопје: Некој се обиде да ја запали уметничката инсталација во Парк

Светлосна уметничка инсталација оставена од уметник што ја сработил за скопскиот фестивал „Skopje light art district“, вчера имаше обид да се запали, но за среќа неуспешно, информираат од Пожарна Скопје.

Од таму велат дека со палењето на ова дело ќе се направело и поголема штета, бидејќи е поставена во скопскиот Градскиот парк каде има голема вегетација на дрва, со што би се предизвикало пожар од поголем карактер.

„Ги замолуваме граѓаните на град Скопје да бидат внимателни“, соопшти Пожарна Скопје.