[Фото] Најава за бојкот на настава на Правен, факултетот излепен со плакати

„Професоре, нема да ви простиме!“ „Професори, ви ја силуваа професијата!“ „Каде ни е правната држава?“

Со вакви натписи утрово беше излепен Правниот Факултет во Скопје. Студенти за Радио МОФ велат дека планираат и бојкот на наставата на факултетот. Ова, додаваат, се прави во знак на протест поради приведувањето студенти по синоќешниот протест , но и поради одлуката на професорот на овој факултет, а сега претседател на државата, Ѓорѓе Иванов да ги аболицира политичирате за кои има кривични пријави и се водат постапки.

 

 

Лепењето на плакатите почна од вчера, информираат студентите, но тие брзо биле отстранувани од луѓето што ја одржуваат хигината на факултетот.