Фондацијата Ејми Вајнхаус организира натпревар за преработка на песни од албумот „Back to Black“

За да се прослави десетгодишнината од последниот албум на Ејми Вајнхаус „Back to Black“, Ајленд рекордс и нејзината фондација започнаа глобален натпревар за преработка на песните од овој албум. Победникот ќе ја има можноста да ја снима својата преработка во студио со продуцентите на албумот Марк Ронсон и Салаам Реми, кои исто така ќе бидат дел од жирито на натпреварот.

За да се учествува на натпреварот, потребно е да се посети Јутјуб каналот на Ејми Вајнхаус и да се најдат текстовите за четирите песни „Tears Dry on Their Own,” „Just Friends,” „Rehab,” и „Back to Black” (првите две ги продуцираше Реми, додека другите две Ронсон).

Секоја од нив содржи линк преку кој може да се симнат оригиналните инструменталии на песните, кои потоа учесниците можат да ги искористат како музичка позадина за нивните преработки. Потоа, перформансот треба да се снима, да се прикачи на Јутјуб и да се испрати на официјалната веб-страница на Вајнхаус.

Средствата собрани од овој натпревар ќе бидат наменети за Фондацијата Ејми Вајнхаус, која користи музичко образование и терапија за за да им помогне на младите да ги надминат проблемите поврзани со бездомништво, менталното здравје, дрогата и алкохолот.

Натпреварот е отворен до 31 јануари, 2017 година. Апликацијата може да се најде овде , а во продолжение погледнете ја најавата за натпреварот од Салаам Реми.