ЕУ воведува задолжително породилно отсуство за татковците

Европскиот совет и Парламент вчера постигнаа привремен договор со кој се воведува задолжително породилно отсуство за татковците (или „вторите родилите“ опфаќајќи ги и истополовите парови) од најмалку десет дена во европските држави.

Во дел од нив, мажите се уште не добиваат отсуство по раѓањето на детето и најголемиот терет паѓа на мајките. Иако, во некои држави ваквата пракса веќе е дел од нивното национално законодавство.

Друг проблем е тоа што изразот „вторите родители“ нема да важи во државите кои не го признаваат истополовиот брак.

Според договорот, ќе има најмалку 4 индивидуални месеци породилно отсуство, од кои два не смеат да му бидат префрлени на другиот родител. Причината за ова е бидејќи најчесто се префрла кон мајката.

Целта на договорот е да им се олесни на вработените родители да постигнат и во професионалните, но и во личните обврски.

„Новата директива ќе ги охрабри мажите и жените да земат еднаков удел во одговорностите поврзани со семејството. Новите правила, исто така, треба да го зголемат користењето на отсуствата поврзани со семејството и флексибилни работни обврски од страна на мажите, што ќе им олесни на жените да останат на пазарот на трудот. Родителите и негувателите ќе можат подобро да го усогласат својот професионален и приватен живот, а компаниите ќе имаат корист од повеќе мотивирани работници“, се вели во соопштението на ЕУ.

Договорот сé уште треба да биде одобрен од страна на земјите-членки.