Економски форум: Жените во Македонија земаат 12,5 отсто помали плати од мажите

Во склоп на денешниот економскиот форум родово еднакви плаќања, Институтотот за економски истражувања „Finance Think“ потенцираше дека во Македонија жените заработуваат 12,5 проценти помала плата од мажите.

Анализите на „Finance Think“, во рамки на проектот Herose and sheroes, покажуваат дека за работно време од осум до 16 часот жените во Македонија треба да заминат од работа во 15:04 часот за да бидат еднакви со мажите, што е соодветно на јазот во плати од 12 проценти.

„Кога ќе се земат предвид карактеристиките како образование, стаж, возраст и во кое занимање се профилираат овој јаз се зголемува на 17,3 проценти. Кај населението пак со најмногу основно образование овој јаз достигнува до 28 проценти. Тоа значи дека жените за работа со иста вредност заработуваат помалку од мажите“, изјавија денеска од Finance Think.

Мажите земаат поголеми плати од жените според возраст, стаж и големина на претпријатие, со исклучок на лицата со работен стаже меѓу 30 и 34 години каде жените имаат шест проценти поголема плата. Најголем дел од родовиот јаз кај платите, според истражувањата, е поради големата неактивност на жените на пазарот на труд.