Доделени „Златните малини“ за најлошото од Холивуд

Комедијата „Холмс и Вотсон“, со Вил Ферел и Џон Си Рајли во главните улоги ја доби „Златната малина“ за најлош филм, а Мелиса Мекарти е прогласена за најлоша актерка во „The Happytime Murders“ и „Life of the Party“.

Доналд Трамп доби „Златна малина“ за најлош актер за документарците „Смрт на нацијата“ и „Фаренхајт 9/11“, иако се појавува само во архивски снимки. 

Холмс и Вотсон“ освои уште „награди“, и тоа за најлош режисер за Етан Коен, и за најлоша машка споредна улога, Џон Си Рајли. Во женска конкуренција, „Златна малина“ освои Келиен Конвеј за појавувањето во документарниот филм на Мајкл Мур, „Фаренхајт 9/11“.

За најлошо сценарио, пак, наградата отиде кај „Педесет нијанси ослободени“.

„Златна малина“ традиционално се доделува ден пред свеченото доделување на „Оскарите“.