Дискусија и проекција на филм за самоуправуваната грчка фабрика Вио.Ме во СЦ „Дуња“

Во четврток (16 март) во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје ќе се одржи дискусија и проекција на документарен филм за грчката самоуправувана фабрика Вио.Ме. Проекцијата ќе започне во 19 часот.

„Вио.Me е фабрика која по нејзиниот банкрот, со години е самоуправувана и окупирана од страна на работниците. Работниците успешно и самостојно управуваат со производството на еколошки производи за чистење, последните шест години во окупираната фабрика. Нема газди во оваа фабрика на источната страна на Солун, вториот по големина град во Грција. Тие докажуваат дека може да се достигне вистинска самоуправа и слобода на работникот без газди. Но, фабриката денес е под закана да биде затворена од страна на судската власт и капиталот, бидејќи парцелата каде што се наоѓа беше продадена пред еден месец“, се вели во најавата за настанот.

Документарецот трае 90 минути и е со превод на англиски јазик.