Проекција на документарецот „Чија е оваа песна“ во СЦ Дуња

„Дали некогаш сте се запрашале кое е потеклото на некоја народна песна што ви е заедничка со една од соседните земји?“, е прашањето кое ќе биде поставено во СЦ Дуња при проекцијата на документарниот филм „Чија е оваа песна“.

Проекцијата ќе се одржи во четврток, на 14 јули, со почеток во 20 часот.

„Другарски ве покануваме на ова патешествие низ Балканот во кое ќе откриеме ‘Чија е оваа песна’, преку очите на режисерката Адела Пеева. Турци, Грци, Албанци, Македонци, Срби, Босанци и Бугари тврдат дека една конкретна мелодија им припаѓа ним“, велат од СЦ Дуња, дополнувајќи дека по проекцијата ќе следува дискусија за последиците на национализмот.