Трибина во СЦ „Дуња“: Патот напред во Македонија и Грција

Од Социјалниот центар Дуња велат дека годинава ќе ја започнат офанзивно, со дискусија на тема „Патот напред во Македонија и Грција“.  Дискусијата ќе се одржи на 4 јануари, со почеток  во 19 часот.

Во СЦ „Дуња“ ќе се претстават Јоргос Михаилидис, член на интернационалниот комитет на НАР и Зоран Василевски од организацијата „Социјалистичка зора“, додека настанот ќе биде модериран од Никола Крстевски.

„На трибината ќе се зборува за состојбата во нашите две земји на планот на работничката борба против континуираните напори на властите и капиталистите од двете земји да ни’ ги намалат или одземат правата, да го одржат или зголемат профитот и да ја одржат стабилноста на капитализмот. 2023 ќе биде кризна година според многу најави. Кој е нашиот пат напред во Грција и Македонија, но и заедно“, велат од „Дуња“.