Трибина за предизвиците на граѓанскиот активизам во Центар – Јадро

Центарот за современи уметности утре (29 ноември) од 14 часот организира трибина на која ќе се зборува за предизвиците на граѓанскиот активизам во 2022 година.

Трибината ќе се одржи во Културно социјалниот простор Центар – Јадро а како говорници се најавени Никола Писарев, Горан Лефков, Јордан Шишовски и Мариглен Демири.

„Дали активизмот го изгуби својот замав и дали баш сите се разочарани? Има ли надеж за активизмот? Дали креативите и герилите се новиот пристап? Дали активизмот од Скопје се сели во внатрешноста? Зошто некои иницијативи се поуспешни од други и каде е клучот на комбинирањето помеѓу комуникациите, уметноста и активизмот? Ова се дел од прашањата кои ќе бидат отворени на дискусијата.