Десетици уапсени за време на климатски протести во Лондон

Стотици демонстранти од движењето „Extinction Rebellion“ вчера се собраа на плоштадот „Трафалгар“ во Лондон за да ја повикаат Владата да преземе акција во однос на климатските промени. Лондонската полиција во текот на денот објави дека уапсила 65 луѓе за време на протестот во близина на парламентот, пренесува српски „Н1“.

Движењето „Extinction Rebellion“ настојува да ја подигне свеста за опасностите од климатските промени. Тие се собраа и во близина на парламентот на Велика Британија да ги повикаат пратениците да го поддржат законот за климатски вонредни ситуации и да се подготват за климатската криза.

Протестот во близина на парламентот беше дел од двонеделната граѓанска непослушност планирана за во Лондон, Кардиф и Манчестер.