Цртежи на местото на уличните дупки во Тетово – млади активисти бараат слух од општината за проблемот

Дупките кои „владеат“ со градските улици во Тетово се главен мотив за новата акција на младите активисти  од „Арт Тетово“. Тие велат дека граѓаните почнале да ги користат социјалните мрежи за да се информираат и предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот.

„Граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за граѓаните“, велат тетовските артивисти.

Затоа, тие започнаа со акција за „санација на ударните и најкритичните дупки“ со цртежи, на сите градски патишта на територија на општината, и воедно да им испратаат порака на општината. При тоа, внимавале да нема контакт меѓу членовите на групата, така што акцијата била реализирана етапнo и во смени.

Таа е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.